Баро: ЕК работи на построги санкции против Русија, доколку Москва не прифати примирје
- Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро денеска објави дека е започнато да се работи на построги мерки покрај 17-тиот пакет санкции против Русија што ЕУ планира да го усвои до следниот состанок на министрите за надворешни работи на 20 мај.

Париз, 12 мај 2025 (МИА) - Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро денеска објави дека е започнато да се работи на построги мерки покрај 17-тиот пакет санкции против Русија што ЕУ планира да го усвои до следниот состанок на министрите за надворешни работи на 20 мај.
„Она што го подготвуваме се дополнителни санкции насочени кон енергетскиот и финансискиот сектор. Овој викенд побаравме од Европската комисија да подготви нови, поважни санкции за да го принудиме рускиот претседател Владимир Путин да ја следи логиката на мирот“, рече Баро по телефонскиот разговор со европските колеги и американскиот државен секретар Марко Рубио.
Тој изјави дека Франција ја поддржува идејата за контакт меѓу претседателот на Украина Володимир Зеленски и рускиот лидер Владимир Путин. зш/
фото ЕПА