• сабота, 22 март 2025

Барди: Треба да дејствуваме како тим и само така можеме до три бода против Лихтенштајн

Барди: Треба да дејствуваме како тим и само така можеме до три бода против Лихтенштајн

Вадуц, 21 март 2025 (МИА) - Деновиве добро се спремивме и сакаме да го продолжиме победничкиот менталитет. Свесни сме што ни значат овие квалификации. Во модерниот фудбал нема фаворити и мора тоа да си го врежеме во глава. Треба да дејствуваме како тим и само така можеме до три бода и до целта која си ја поставивме, соопшти на прес-конференција капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Енис Барди пред дуелот со Лихтенштајн во квалификациите за пласман на Светското првенство 2026. 

Енергијата и желбата за победа сами ќе си дојдат, имаме квалитет кој може да ни донесе три бода. Нема да го потцениме противникот, додаде капитенот.

Лихтенштајн и Македонија утре попладне од 15:00 часот ќе ја отворат нашата квалификациона група, во која во вечерниот термин ќе играат Велс и Казахстан. дс

Фото: Архива

Остани поврзан