• недела, 22 декември 2024

Барање за поведување постапка против малолетникот кој со автомобил усмрти пешак

Барање за поведување постапка против малолетникот кој со автомобил усмрти пешак

Скопје, 28 јануари 2023 (МИА) – Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судија за деца при Основниот кривичен суд Скопје поднесе барање за поведување подготвителна постапка кон дете во судир со законот за кое постои основано сомнение дека извршило дејствие што со закон е определено како кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.

Како што се наведува во соопштението од државното Јавно обвинителство, малолетникот на возраст од 17 години без да има важечка возачка дозвола вчера вечерта управувал автомобил „фолксваген голф“, сопственост на неговиот татко. Притоа, не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај, доведувајќи го во опасност животот на луѓето.

-Возејќи по улицата „Босна и Херцеговина“, стигнал до крстосница со улиците „Александар Урдаревски“ и „Кемал Сејфула“, но не ја приспособил брзината на движење кон својствата и состојбата на патот. Како резултат на тоа, со предниот лев дел од автомобилот удрил во пешак кој го поминувал коловозот на обележан пешачки премин. Од ударот пешакот се здобил со тешки телесни повреди и починал на лице место, се посочува во соопштението.

Јавниот обвинител до судијата за деца доставил и предлог за определување мерка притвор бидејќи оценил дека постои опасност да се даде во бегство, да ја попречи постапката со влијание врз сведоците или да го повтори делото.​ вг/бак/

Остани поврзан