• понеделник, 23 декември 2024

Банка за храна Кавадарци подели прехранбени пакети за лица во социјален ризик за празниците 

Банка за храна Кавадарци подели прехранбени пакети за лица во социјален ризик за празниците 

Кавадарци, 2 јануари 2024 (МИА) - Банка за храна Кавадарци подели прехранбени пакети за лица во социјален ризик за празниците, информираа вечерва од Банката што веќе пет години функционира во овој град. 

- Во 2023 година распределивме по 120 пакети месечно, или вкупно за целата година доставивме 1.400 пакети, со 45 тони храна. Од месец декември 2018 година досега, имаме распределено 7.000 пакети, со 155 тони храна, соопштија од Банка за храна Кавадарци. 

Оттаму нагласија дека и понатаму испраќаат апел до сите компании, да не фрлаат храна и да го донираат вишокот храна, да помагаат со донации, за сето тоа да биде доставено, до сите оние што имаат потреба. свд/aa/


Фото : Банка за храна Кавадарци

Остани поврзан