• петок, 22 ноември 2024

Бананата помага за поздрави црева и варење на храната

Бананата помага за поздрави црева и варење на храната
Лос Анџелес, 20 јануари 2022 (МИА) - Покрај многуте други здравствени придобивки од бананите за телото, ново истражување покажува дека ова овошје може да биде клуч и за поздрави црева и подобро варење на храната. Научните испитувања покажуваат дека бананите носат огромен број нутритивни придобивки, на пр. антиоксидансите кои го зајакнуваат имунитетот и ја намалуваат можноста од хронични болести, според истражувањето објавено во „Фуд кемистри“ (Food Chemistry). Тие, исто така, го подобруваат сонот, а пак, растителни влакна кои го забавуваат варењето што помага за ситост подолго време, пишува американскиот „Журнал“ за клиничка исхрана. Во 2021 година, истражувачи од Австралија прегледаа повеќе од 50 претходни трудови за да проучат - како цревата влијаат на човековото целокупно здравје? Истражувањето објавено во „Журнал“ за гастроентерологија и хепатологија, ја открива важноста на избалансираниот микробиом. - Микробиомот се бактерии кои живеат во нашите црева. Се верува дека колку е поголема нивната разновидност во цревата, толку цревниот микробиом е поздрав, вели Дејна Елис Ханс, авторка на трудот. Пробиотиците се живи бактерии што се наоѓаат во ферментираната храна и додатоците. Тие се „добри“ бактерии во рамнотежата на микробиомот. Овие здрави бактерии ги добиваме и од бананите. Друга придобивка што бананите ја имаат при варењето е намалувањето на надуеноста во телото. Растворливите пробиотски влакна во овошјето, имено, помагаат и при запек - чест виновник за непријатната надуеност. Високото ниво на калиум во бананите, исто така, им помага на бубрезите да го исфрлат вишокот вода и сол од телото, поттикнувајќи диуретичен ефект којшто го намалува задржувањето на водата.  си/сд/

Остани поврзан