Балотели потпиша со Ал-Етифак
- Поранешниот напаѓач на италијанската репрезентација, Марио Балотели, се приклучи на Ал-Етифак од Дубаи, објави прес-службата на клубот.
Дамам, 12 јануари 2026 (МИА) - Поранешниот напаѓач на италијанската репрезентација, Марио Балотели, се приклучи на Ал-Етифак од Дубаи, објави прес-службата на клубот.
Триесет и петгодишниот фудбалер потпиша договор на две и пол години.
Балотели ќе игра надвор од Европа за прв пат во својата кариера. Напаѓачот ја напушти Џенова во летото 2025 година. Претходно играше за турскиот Адана Демирспор, швајцарскиот Сион, италијанските клубови Монца, Милан и Интер, англиските клубови Ливерпул и Манчестер сити, како и француските клубови Ница и Марсеј.
Балотели е трикратен шампион во Серија А и победник во Лигата на шампионите со Интер. Ја освои Премиер лигата со Манчестер сити. зс/
Фото: ЕПА