• вторник, 02 јули 2024

Балотели одговори на критиките од Ибрахимовиќ објавувајќи фотографија со трофејот во Лигата на шампионите

Балотели одговори на критиките од Ибрахимовиќ објавувајќи фотографија со трофејот во Лигата на шампионите

Адана, 16 октомври 2023 (МИА) – Фудбалерот на Адана Демирспор Марио Балотели одговори на критиките од поранешниот играч на Милан, Златан Ибрахимовиќ.

Во вчерашното интервју за „La Gazzetta dello Sport“, Ибрахимовиќ изјави дека Балотели ја пропуштил секоја шанса да го искористи својот талент.

Како одговор, 33-годишниот Италијанец објави фотографија на социјалните мрежи со трофејот во Лигата на шампионите и го означи профилот на Ибрахимовиќ.

Балотели го освои трофејот во елитното фудбалско натпреварување во сезоната 2009/10 кога настапуваше за Интер. 

Ибрахимовиќ никогаш во кариерата не ја освоил Лигата на шампионите. зс/

Фото: Балотели

Остани поврзан