• четврток, 26 март 2026

Балкански самит Алумни „Securing Regional Prosperity through NextGen Leadership“ во организација на МААА

Балкански самит Алумни „Securing Regional Prosperity through NextGen Leadership“ во организација на МААА

Скопје, 27 мај 2025 (МИА) - Во организација на Македонско-Американската Алумни Асоцијација (МААА) од денеска до 29 мај ќе се одржи Балканскиот Самит на Алумни „Securing Regional Prosperity through NextGen Leadership“. Настанот е поддржан од Амбасадата на САД во Скопје.

На самитот ќе учествуваат млади алумни – учесници во програми на американската влада – од седум земји од регионот: Северна Македонија, Србија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Бугарија. Целта на Самитот е да се поттикне активната улога на младите лидери во унапредување на демократските вредности, регионалната соработка и стабилноста.

На отворањето на настанот ќе збруваат претседателката на МААА Зорица Трајкова Стрезовска, заменик амбасадорката на САД Никол Варнес, претседателот на Собранието Африм Гаши и гувернерката на НБРСМ  Анита Ангеловска Бежоска.

По воведните обраќања ќе следи панел-дискусија со учество на Малинка Ристевска Јорданова, членка на Советот за безбедност, Ментор Врајоли, извршен директор на Косовскиот центар за безбедносни студии, Викторија Трајков, заменик министерка за европски прашања и Фатмир Бесими, поранешен министер за финансии. ев/лв/

ФОТО: Принтскрин 

Остани поврзан