Балканскиот наркобос осуден на девет години затвор поради перење пари
- Специјалниот суд во Белград го осуди денеска на вкупна казна од девет години затвор балканскиот наркобос Дарко Шариќ како организатор на криминална група, која „испрала“ повеќе од 20 милиони
Белград, 31 јули 2020 (МИА) - Специјалниот суд во Белград го осуди денеска на вкупна казна од девет години затвор балканскиот наркобос Дарко Шариќ како организатор на криминална група, која „испрала“ повеќе од 20 милиони евра од шверц на кокаин.
Во тек е читање на пресудата за останатите 16 обвинети лица во овој случај.
На Шариќ му е изречена казна од седум години затвор за перење пари, а за поттикнување други лица на перење пари има пресуда од четири години, но како единствена казна судот му одреди девет години затвор.
Прогласен е виновен бидејќи валканите пари на криминалната група од шверц на кокаин ги инвестирал во легални бизниси, изјавил судијата Синиша Петровиќ.
Шариќ по сопствена желба не присуствуваше на изрекувањето на пресудата. Тој се наоѓа во притвор од март 2014 година, кога им се предаде на српските власти по повеќегодишно бегство.
Ова е првостепена пресуда, на која и обвинителството за организиран криминал и одбраната имаат право на жалба до Апелацискиот суд во Белград. гт/