• понеделник, 23 декември 2024

Балашов од РПЦ: Постои можност вселенскиот патријарх Вартоломеј да ја признае МПЦ без согласност на СПЦ

Балашов од РПЦ: Постои можност вселенскиот патријарх Вартоломеј да ја признае МПЦ без согласност на СПЦ
Белград, 6 јануари 2021 (МИА) - Протоерејот на Московската патријаршија Николај Балашов изјави дека Руската православна црква (РПЦ) го поддржува единството на СПЦ и дека е против создавање на нова црква во Црна Гора, како и дека постои можност под притисок на американските политичари, Васеленскиот Патријарх Вартоломеј да ги поддржи расколниците во Црна Гора, јави дописникот на МИА од Белград. Протоереј Балашов, кој е заменик претседател на Одделот за надворешни меѓународни односи на Московската патријаршија, истакна дека Руската и Српската православна црква имаат традиционално блиски односи и меѓусебно се поддржуваат. -Ние во РПЦ го поддржуваме единството на Српската православна црква и сме против создавање на нова црква во Црна Гора. Ако се анализира тоа што сакале расколниците во Црна Гора, лесно ќе се забележи дека тие се обиделе по ист рецепт да грабаат храмови и верници како оние во Украина, изјави протоереј Балашов во интервју за белградски Вечерње новости. Кога станува збор за состојбата со црквата во Северна Македонија, Балашов кажа дека постои можност патријархот Вартоломеј, без согласност на Белград, да ја признае автокефалноста на „Скопската црква“, како што велат во Константинопол, бидејќи никогаш нема да ја признаат како Македонска црква. об/вг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан