• петок, 19 јули 2024

Балак: Вернер би бил одличен за Челси

Балак: Вернер би бил одличен за Челси
Лондон, 7 јуни 2020 (МИА) - Поранешниот играч од средниот ред на Челси и германската репрезентација Мајкл Балак го сподели своето мислење за можниот трансфер на напаѓачот Тимо Вернер во тимот на Лондон. - Мислам дека ова е голема работа и за обете страни. Тој е одличен за Челси. Сините градат млад тим, ова е ветувачки избор за Вернер, изјави Балак. Претходно во медиумите се појави информација дека Челси веќе се договорил за трансферот на Вернер од Лајпциг за 60 милиони евра. зс/

Остани поврзан