• вторник, 26 ноември 2024

Баклава со „Нутела“ крем

Баклава со „Нутела“ крем

Сараево, 8 јули 2022 (МИА) - За љубителите на баклава и оние кои сакаат да пробат нешто ново, готвачите препорачуваат баклава со „Нутела“ крем.

За подготвување, потребни се: 500 грама кори за баклава, 400 г. „Нутела“, 200 г. печени лешници, 200 г. стопен путер и малку масло. За шербетот, потребни се: две чаши вода, 1,5 чаша шеќер и лажичка сок од лимон. Подготовка Лешниците се печат и се сечкаат. Потоа, се топи путерот и се меша со масло. Тавата се мачка со путерот. И кората, секој слој се мачка со путер, но потоа се мачка и со „Нутела“, па се посипуваат лешниците. Врз тоа се става нова кора и сѐ тоа се повторува - путер, „Нутела“, лешници... Баклавата се сече, па се пече на 200 степени, додека не порумени. Потоа се намалува на 100 степени и се пече уште 15 минути. Така испечената баклава се прелива со шербет и се остава сѐ тоа да се впие.  си/ми/

Остани поврзан