• петок, 22 ноември 2024

Базенот во Рекреативниот центар поминува под управување на Општина Сарај

Базенот во Рекреативниот центар поминува под управување на Општина Сарај

Скопје, 16 март 2023 (МИА) - Општина Сарај соопшти дека по барање на општината, Владата ја одобри одлуката базенот во Рекреативниот центар да поминеа под управување на Општина Сарај.

- Имајќи ја предвид состојбата на демолираниот базен и околните објекти кои не се во функсионалност повеќе од 30 години, сега со менаџирањето на Општина Сарај се отвораат можности овој базен да се ревитализира и повторно да стане атракција за жителите, се вели во соопштението.

Како што посочуваат од општината, реновирањето на базенот ќе одигра важна улога во привлекувањето на туристи во оваа зона, што значително ќе влијае и за економскиот развој на општината и локалните бизниси.

Од општината исто така најавуваат дека ревитализацијата на стариот базен може да обезбеди бројни придобивки, меѓу кои зголемување на вредноста на имотот во околината, зголемени даночни приходи за општината, развој на спортски активности, како и други еколошки придобивки. сх/са/

Фото: Општина Сарај

Остани поврзан