• петок, 17 мај 2024

Баер ја продолжи серијата без пораз на 20 натпревари

Баер ја продолжи серијата без пораз на 20 натпревари

Леверкузен, 3 декември 2023 (МИА) - Баер Леверкузен ја продолжи серијата без пораз која трае 20 натпревари, но не успеа да ја продолжи победничката серија од 14 натпревари.

Избраниците на Чаби Алонсо денес ремизираа со Борусија Дортмунд (1:1) во 13. коло од Бундеслигата.

Борусија Дортмунд стана вториот тим кој Леверкузен не успеа да го победи оваа сезона. На 15 септември имаа реми со Баерн (2:2).

Баер победи на уште 18 од 20 натпревари во германското првенство, Купот и Лига Европа.

На следниот натпревар „Фармацевтите“ ќе се соочат со Падерборн во Купот на Германија. Овој дуел е закажан за 6 декември. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан