• недела, 22 декември 2024

Баер собори рекорд на Јувентус, сега го „брка“ Селтик: „Фармацевтиците“ се непоразени на 44 натпревари

Баер собори рекорд на Јувентус, сега го „брка“ Селтик: „Фармацевтиците“ се непоразени на 44 натпревари

Леверкузен, 19 април 2024 (МИА) - Фудбалерите на Баер Леверкузен со ремито против Вест Хем во четвртфиналето на Лига Европа успеаја да изборат место меѓу четирите најдобри екипи во ова натпреварување и воедно да соборат рекорд на Јувентус од 2012 година.

Имено, тимот кој од клупата го предводи шпанскиот стручњак Чаби Алонсо сезонава одигра 44 официјални натпревари и на ниту еден не беше поразен, додека пред 12 години италијанскиот претставник успеа да го стори тоа на еден натпревар помалку.

Со овој успех шампионот на Германија постави нов рекорд во 21 век и во таа неверојатна серија успеа да оствари 38 победи, а притоа само шест пати ремизираше.

Светскиот рекорд по непобедливост сè уште го држи шкотски Сектик, кој од ноември 1915 година до април 1917 година имаше серија од 62 натпревари без пораз во сите натпреварувања, а интересно е што во текот на 1916 година одиграа два меча во ист ден и ги добија двата .

Втор на оваа листа е белгискиот Унион, кој има две победи помалку од шкотскиот тим, но треба да се запомни дека и двата рекорда се поставени во време кога не се играа меѓународни натпревари и затоа, успехот на Леверкузен добива на важност. дс

Фото: Твитер/Леверкузен

Остани поврзан