• четврток, 21 ноември 2024

Баер Леверкузен ќе направи се за да го задржи Вирц

Баер Леверкузен ќе направи се за да го задржи Вирц

Леверкузен, 9 октомври 2024 (МИА) - Баер Леверкузен ќе направи се за да ја задржи својата ѕвезда Флоријан Вирц, објави денеска „Кикер“. Засега нема ништо што укажува на тоа дека 21-годишниот играч од средниот ред сака да се пресели во Баерн следното лето и покрај гласините во печатот.

Германскиот шампион сака да склучи нов договор со играчот од средниот ред, кој сака да остане со „аспирините“. Во материјалот е забележано дека таткото и советникот на играчот, Ханс Вирц се грижи пред се за спортскиот и личниот развој на Флоријан и не гледа потреба неговиот син да се пресели во врвен клуб што е можно поскоро.

На Вирц ќе му биде понуден договор најмалку до летото 2028 година - актуелниот договор на германскиот репрезентативец истекува 12 месеци порано.

Во сезоната 2024-25 во Првата Бундес лига, Флоријан Вирц одигра шест натпревари, постигнувајќи четири гола и една асистенција. дс

Фото: Архива

Остани поврзан