• вторник, 14 мај 2024

Баер Леверкузен се засили со Фосу – Менсах од Манчестер јунајтед

Баер Леверкузен се засили со Фосу – Менсах од Манчестер јунајтед
Леверкузен, 13 јануари 2021 (МИА) – Баер Леверкузен го донесе во своите редови холандскиот репрезентативец Тимоти Фосу – Менсах од водечката екипа во Премиерлигата Манчестер јунајтед, соопшти вечерва бундеслигашот. Според медиумските извештаи, Баер за 23-годишниот десен бек издвоил 1.7 милиони евра. Фосу-Менсах имаше договор со Манчестер јунајтед до крајот на сезоната, а со бундеслигашот од Леверкузен потпиша договор до јуни 2024 година. ег/

Остани поврзан