Баер Леверкузен подготвен да го пушти Гранит Џака во Милан
- Баер Леверкузен е подготвен да го пушти Гранит Џака во Милан, објави италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио на Фејсбук
Милано, 25 јуни 2025 (МИА) - Баер Леверкузен е подготвен да го пушти Гранит Џака во Милан, објави италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио на Фејсбук.
Агентите на 32-годишниот играч од средниот ред го убедија раководството на германскиот клуб да го продаде играчот за сума помеѓу 8 и 10 милиони евра.
Швајцарскиот интернационалец Џака е предмет на интерес на неколку клубови од Италија.
Минатата сезона, играчот од средниот ред одигра 50 натпревари за Баер, постигна 2 гола и имаше 7 асистенции. „Аспирините“ останаа на второто место на конечниот пласман во Првата Бундеслига.
Џака е во Леверкузен од 2023 година, а претходно ги носеше дресовите на Арсенал, Борусија Менхенгладбах и Базел. дс
Фото: Архива