• петок, 05 декември 2025

Баер го добива на позајмица во Хадсон-Одои

Баер го добива на позајмица во Хадсон-Одои
Леверкузен, 29 август 2022 (МИА) - Баер Леверкузен постигна договор со Челзи за позајмица на играчот од средниот ред Калум Хадсон-Одои, објави „Скај спортс“. Договорот важи до крајот на сезоната 2022/23. Претходно, трансферот беше загрозен, бидејќи германскиот клуб сакаше да вклучи откупна клаузула во договорот. Хадсон-Одои се очекува денес да допатува во Леверкузен и по поминување на медицинските прегледи да се приклучи на бундеслигашот. Дваесет и едногодишниот Англичанец минатата сезона забележа 28 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи три гола и шест асистенции. Порталот „Трансфермаркт“ го цени фудбалерот на 25 милиони евра. зс/

Остани поврзан