• петок, 09 август 2024

Баерн се откажа од Та, но тоа нема да влијае на иднината на Де Лихт

Баерн се откажа од Та, но тоа нема да влијае на иднината на Де Лихт

Минхен, 9 август 2024 (МИА) - Раководството на Баерн Минхен одлучи дека нема да го привлече централниот дефанзивец на Баер Леверкузен, Јонатан Та, тврди „Кикер“.

Спортскиот директор на Баварците, Макс Еберле ги договорил личните услови со играчот и се верувало дека тој ќе биде сигурно ново засилување во тимот на Винсент Компани. Вчера стана јасно дека „аспирините“ му поставиле ултиматум на Баерн да донесе конечна одлука дали ќе го реализира трансферот до денеска на полноќ.

Според „Кикер“, управата на Баерн донела одлука без разлика на ултиматумот. Изданието, исто така, тврди дека тоа нема да има никакво влијание врз иднината на Матијас Де Лихт, кој сепак би можел да биде продаден на Манчестер Јунајтед.

Самиот Та се надева дека штом ќе се случи тоа, раководството на Баерн може да се предомисли и да се врати по него. дс

Фото: Архива

Остани поврзан