• сабота, 05 октомври 2024

Баерн се вклучува во битката за Белерин

Баерн се вклучува во битката за Белерин
Минхен, 8 септември 2020 (МИА) - Баерн е уште еден клуб кој има интерес за десниот бек на Арсенал, Ектор Белерин. Германските гиганти бараат играч за оваа зона на нивна одбрана и клубот е насочен кон Шпанецот, пишува „Мирор“. Сепак, Баварците можат да се соочат со сериозна конкуренција за потписот на 25-годишниот играч. Тој е посакуван и од Пари Сен Жермен, кој веќе даде понуда вредна 30 милиони евра, која беше одбиена. Се проценува дека Британците за него сакаат 40 милиони евра.

Тагови

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан