• петок, 26 јули 2024

Баерн сака да го ангажира Алварез од Манчестер сити

Баерн сака да го ангажира Алварез од Манчестер сити

Минхен, 24 мај 2023 (МИА) - Баерн размислува да го ангажира напаѓачот на Манчестер сити, Хулијан Алварез, објави новинарот Флоријан Плетенберг.

 

Баварците пројавија интерес за Алварез бидејќи тој не е редовен стартер и неговата иднина во клубот од Манчестер е под знак прашалник и покрај договорот до 2028 година.

 

Алварез е во Манчестер сити од 2022 година. Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на 23-годишниот Аргентинец на 50 милиони евра.

 

Во сезоната 2022/23, Алварез забележа 47 настапи за „Граѓаните“ во сите натпреварувања, постигнувајќи 17 голови и пет асистенции. зс/

 

Фото: ЕПА

 

 

 

 

Остани поврзан