• среда, 24 јули 2024

Баерн подготвен да го продаде Мане на Реал Мадрид за 30 милиони евра

Баерн подготвен да го продаде Мане на Реал Мадрид за 30 милиони евра

Минхен, 11 јуни 2023 (МИА) – Баерн Минехн постави цена за која е подготвен да се раздели со напаѓачот Садио Мане, информира „Fichajes“. 

 

Раководството на Баварците ќе го пушти 31-годишниот напаѓач за сума од околу 25-30 милиони евра. Во оваа насока, можноста за потпис со Сенегалецот ја разгледува Реал Мадрид, кој е во потрага по засилување по заминувањето на Карим Бензема во Ал-Итихад. 

 

Мане минатото лето се пресели во Баерн. Тој сезоната 2022/23 ја заврши со 38 одиграни натпревари за тимот, постигнувајќи 12 гола и шест 6 асистенции. зс/ 

 

Фото: ЕПА 

Остани поврзан