• четврток, 26 март 2026

Баерн Минхен го продолжи договорот со Компани до 2029 година

Баерн Минхен го продолжи договорот со Компани до 2029 година

Минхен, 21 октомври 2025 (МИА) - Баерн Минхен објави продолжување на договорот со тренерот Винсент Компани.

Новиот договор на 39-годишникот е со важност до 2029 година.

Компани е на чело на Баерн од јули 2024 година. Под негово водство, тимот од Минхен ја освои титулата во Бундеслигата во сезоната 2024/25 и Суперкупот на Германија.

По седум натпревари, Баерн е лидер на табелата во германското првенство со 21 бод. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан