• петок, 22 ноември 2024

Баерн и Барса се договорија: Кутињо останува на „Алијанц“

Баерн и Барса се договорија: Кутињо останува на „Алијанц“
Минхен, 18 јуни 2020 (МИА) - Најскапата аквизиција во историјата на Барселона, Филипе Кутињо, ќе остане на позајмица во Баерн Минхен до крајот на сезоната во ЛШ, информира „Скај“. Според документите, кариоката требало да се врати во Барселона на 1 јули, но според новите правила на УЕФА, поради пандемијата со коронавирусот, Баварците имаат можност да го задржат играчот. Кутињо даде согласност, а Барселона не пречи ова да се случи. Како што е познато, двајцата гиганти се во топла врска и дури се шпекулира дека „блаугранас“ се подготвени да го продадат техничарот по ниска цена, што се однесува само на Баерн. Ново-стариот шампион на Германија и официјално се откажа од можноста да го купи Кутињо, но не е ни чудо ситуацијата да се менува. Причината е што во моментов повредениот Бразилец сака живот во Германија и сака да остане во Бундеслигата.

Тагови

Остани поврзан