Баерн е заинтересиран за 20-годишниот Гитенс од Борусија Дортмунд
- Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Џејми Гитенс може да ја продолжи кариерата во друг клуб, пренесува новинарот Флоријан Плетенберг.

Минхен, 24 декември 2024 (МИА) – Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Џејми Гитенс може да ја продолжи кариерата во друг клуб, пренесува новинарот Флоријан Плетенберг.
Според Плетенбург, Баерн е заинтересиран за 20-годишниот Англичанец. Баварците ја разгледуваат можноста да го ангажираат играчот во летниот преоден рок.
Има најави дека и водечките клубови од англиската Премиер лигата ќе конкурираат за младиот и талентиран фудбалер.
Оваа сезона Гитенс одигра 23 натпревари на кои постигна девет голови и четири асистенции.
Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на играчот на 50 милиони евра. зс/
Фото: ЕПА