• сабота, 21 декември 2024

Баварското МВР објави, па по критиките за расизам, избриша видео за салафистите

Баварското МВР објави, па по критиките за расизам, избриша видео за салафистите

Минхен, 3 септември 2024 (МИА) - Министерството за внатрешни работи на германската покраина Баварија синоќа објави контроверзно видео на својот профил на платформата Х (поранешен Твитер) , во кое сакаше да ги прикаже, како што наведоа, „опасностите од салафизмот“.

Меѓутоа, видеото беше избришано кратко по објавувањето, поради бројните негативни реакции. Поголемиот дел од оние што го виделе видеото го критикуваа начинот на кој во него се прикажани муслиманите.

Во самото видео, кое е анимирано, се гледа млада жена која гледа видео за тоа дали муслиманките треба да се шминкаат. Со текот на времето „влегува“ во устата на човек со традиционална исламска капа (такија), што треба да биде метафора за радикализација на муслиманите.

Во голем дел од коментарите беше обвинето баварското Министерство за „отворена пропаганда“, а некои го споредија видеото со прикажувањето на Евреите во текот на 1930-тите и 1940-тите години за време на нацистичкиот режим.

Покрај обвинувањата за пропаганда, видеото беше означено како полно со омраза и дека етикетира и таргетира муслимани. Исто така, политичари го осудија објавувањето на видеото, имајќи предвид дека радикалната десница, чија главна порака е борба против миграцијата и отворена исламофобија, е во пораст. ссм/

фото: принтскрин

Остани поврзан