• недела, 22 декември 2024

Бабичка од Бугарија, задоволна од локалната власт, им подари 500 лева од заштедата

Бабичка од Бугарија, задоволна од локалната власт, им подари 500 лева од заштедата
Пловдив, 24 септември 2021 (МИА) - Повозрасна Бугарка ѝ даруваше 500 лева (околу 15.750 македонски денари) на управата во Општината Стамболиски (во Пловдивската Околија). Таа сака парите да се искористат за изградба на нешто ново во градот. Бабичката го сподели своето необично барање со градоначалникот Георги Мараџиев. Марија Дочева, која е во осмото десетлетие од животот, како што вели, ги собирала парите повеќе од 10 години како продавачка на тезга. Засега не открива јавно за што ќе се користат нејзините пари, но вели дека сака да го види Стамболиски уште поубав и попривлечен. Причината за нејзината донација е „тоа што ужива во сѐ што е изградено од тимот на градоначалникот“, па сака работата да продолжи на ист начин. - Немам што повеќе да кажам, освен тоа дека оваа жена заслужува поклон доземи! Убеден сум дека со тоа што ќе го градиме со нејзините пари, ќе ја направиме среќна!, изјави градоначалникот. Жената, инаку, има 40 години работно искуство и добива пензија од 15.000 денари, објави „Дарикњуз“.  си/

Остани поврзан