Ашаданов за поразот од Португалија: Имавме 23 изгубени топки, тоа е премногу
- Селекторот на македонската женска кошаркарска репрезентација Александар Ашаданов не е задоволен од изданието на неговите избранички на вчерашнито натпревар со Португалија.

Скопје, 11 ноември 2024 (МИА) – Селекторот на македонската женска кошаркарска репрезентација Александар Ашаданов не е задоволен од изданието на неговите избранички на вчерашнито натпревар со Португалија.
Гостинките победија со убедливи 76:43.
- Противникот покажа дека има поквалитетна екипа од нашата, го потврди тоа и на теренот. Очекував подобри минути од нас, да бидеме што е можно поконкуретни. Но евидентно е дека ни треба доста повеќе за да биде така со физички посилни репрезентации какви што се и Украина и Португалија. Имавме 23 изгубени топки, тоа е премногу. На нас останува во периодот што следи да направиме некои промени доколку сакаме да фатиме приклучок со останатите репрезентации, изјави Ашаданов.
Во Г-групата од квалификациите за Евробаскет 2025, македонската репрезентација наредните две средби ќе ги игра против Србија и Украина на гостински терен. зс/
Фото: КФСМ