• четврток, 26 март 2026

Ацков од Велес: Каузата на Левица е борба до конечна победа

Ацков од Велес: Каузата на Левица е борба до конечна победа

Велес, 2 октомври 2025 (МИА) - Додека трае кампањата ќе бидеме цело време на терен меѓу народот оти Левица отсекогаш била партија на народот. Каузата на Левица е борба до конечна победа, истакна Димче Ацков, носителот на советничката листа на Левица во Велес, на средбата со граѓани во општина Велес, на која присуствуваа и претседателот на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев, пратеникот Борислав Крмов, како и останатите кандидати за советници, се наведува во соопштението на Левица кое МИА го пренесува интегрално: 

Ацков потенцираше дека иако Општина Велес се саморекламира дека има реализирано 400 проекти, тоа тешко дека е остварено, посебно во делот на капиталните објекти. Наспроти тоа, Левица нуди квалитетна програма со мерки и проекти за подобар живот на сите граѓани.

Идните советници од Левица во Советот на Општина Велес ќе продолжат да се борат против непотизмот, против нечесното работење, но и да ги разоткриваат сите аномалии, работејќи за подобро утре на велешани.

Наместо класичен митинг, носителот на листата и кандидатите за советници, во присуство на лидерот Димитар Апасиев, остварија непосредни средби со граѓаните во центарот на Велес.

ПП Левица 
 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан