Ахмад ќе ги посети Бахреин и Катар во врска со војната во Газа
- Британскиот државен секретар за Блиски Исток, Северна Африка, Јужна Азија и ОН, Тарик Ахмад ќе ги посети Бахреин и Катар во врска со кризата во Израел и Газа, соопшти британското Министерство за надворешни работи.
Лондон, 18 ноември 2023 (МИА) - Британскиот државен секретар за Блиски Исток, Северна Африка, Јужна Азија и ОН, Тарик Ахмад ќе ги посети Бахреин и Катар во врска со кризата во Израел и Газа, соопшти британското Министерство за надворешни работи.
Ахмад ќе се сретне со своите колеги од Блискиот Исток и со генералниот секретар на Арапската лига.
Посетата следи по ангажманот на Обединетото Кралство да обезбеди дополнителни 30 милиони фунти хуманитарна помош за Палестинците, се вели во соопштението на Форин Офисот. паг/
Фото: МИА архива