• четврток, 23 април 2026

Ал Џезира: Преговорите меѓу САД и Иран најверојатно ќе се одржат идната недела

Ал Џезира: Преговорите меѓу САД и Иран најверојатно ќе се одржат идната недела

Исламабад, 19 април 2026 (МИА) - Преговорите меѓу САД и Иран најверојатно ќе се одржат пред петок, изјавија денеска два пакистански безбедносни извори.

Извори за Ал Џезира, под услов да останат анонимни, истакнаа дека до овој заклучок дошле врз основа на „слетувањето на два американски тешки транспортни авиони, C-17 Глубмастерс, во воздухопловната база Нур Кан во Равалпинди“, во близина на пакистанскиот главен град Исламабад.

Тие додадоа дека патиштата од аеродромот до Исламабад се „привремено затворени, што укажува на зголемени безбедносни мерки“.

Како последна причина зошто веруваат дека преговорите меѓу делегациите на САД и Иран ќе се одржат пред петок, изворите го наведоа тоа дека од хотелите „Серена“ и „Мериот“ во Исламабад посетителите само заминуваат, „а нови резервации не се дозволени до петок“.

Првата рунда разговори меѓу САД и Иран се одржа на 11 април во хотелот „Серена“ во Исламабад. рп/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан