Африканската унија го суспендираше членството на Гвинеја поради минатонеделниот државен удар
- Раководството на Африканската унија денеска објави дека го суспендирале членството на Гвинеја во таа организација откако војската го собори од власт претседателот Алфа Конде, јавува Анадолија

Адис Абеба, 10 септември 2021 (МИА) - Раководството на Африканската унија денеска објави дека го суспендирале членството на Гвинеја во таа организација откако војската го собори од власт претседателот Алфа Конде, јавува Анадолија.
Советот за мир и стабилност при Африканската унија објави на Твитер дека Гвинеја е суспендирана од сите активности на Унијата и нејзините тела за носење одлуки.
Советот го покани претседателот на Комисијата на Африканската унија Муса Факи да контактира и да се консултира со сите релевантни партнери во регионот.
Воената хунта составена од специјални сили соопшти во неделата дека го соборила од власт претседателот Алфа Конде поради загриженост за сиромаштијата и корупцијата поради лошата организација. ссм/