• среда, 15 јануари 2025

АфД го претстави „Проект 2029“

АфД го претстави „Проект 2029“

Берлин, 3 септември 2024 (МИА) – Претставниците на Алтернатива за Германија (АфД) на денешната прес-конференција се осврнаа на историските изборни резултати во покраините Тирингија и Саксонија.

Лидерот на АфД, Тино Крупала истакна дека понатамошните резултати ќе покажат дека другите партии нема да можат да одбијат соработка со Алтернатива за Германија.

- Можеби јаболкото сè уште не е зрело. Во политиката треба да бидете трпеливи. Тоа е она што јас секогаш го велев. На крајот другите нема да можат да не заобиколат. Прашањето е само кога ќе се случи. Мора да го чекате вистинското време, посочи Крупала.

Тој истакна дека АфД има „Проект 2029“ односно парламентарни избори во цела Германија.

- Сè на сè, се разбира, целта мора да биде во одреден момент да станеме најголемата сила на национално ниво. Тоа е нашата цел, наведе Крупала. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан