• петок, 20 февруари 2026

Ауди со амбиции да стане најуспешниот тим во историјата на Формула 1

Ауди со амбиции да стане најуспешниот тим во историјата на Формула 1

Берлин, 21 јануари 2026 (МИА) - Извршниот директор на Ауди, Џонатан Витли, зборуваше за амбициите на германскиот производител на автомобили, кој ќе дебитира во Формула 1 во 2026 година. Тимот претходно се натпреваруваше како Заубер.

-Не сме тука за да седиме настрана - ова е амбициозен проект. Во исто време, имаме скромен пристап, знаеме од каде почнуваме и каде сакаме да бидеме. Сакаме да го направиме Ауди најуспешниот тим во Формула 1 во историјата. Има предизвици по патот, а ние почнуваме денес, изјави Витли.

Од Ауди си поставија граница до 2030 година да достигнат највисоко ниво на трките и да се борат за титули.

Новата сезона во Формула 1 ќе почне во март со етапата во Австралија. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан