• понеделник, 09 септември 2024

АТП: Синер ја зголеми предноста, Ѓоковиќ падна на четврто место

АТП: Синер ја зголеми предноста, Ѓоковиќ падна на четврто место

 

Њујорк, 9 септември 2024 (МИА) – Италијанскиот тенисер Јаник Синер ја зголеми предноста на врвот на АТП листата по триумфот на Ју Ес Опен, додека Србинот Новак Ѓоковиќ прв пат до долго време се спушти на четвртото место.

Германецот Александр Зверев од четвртото се искачи на второто место, додека Шпанецот Карлос Алкараз остана третопласиран.

АТП листа:

(1) Јаник Синер (Италија) 11.180
(4) Александар Зверев (Германија) 7.075
(3) Карлос Алкараз (Шпанија) 6.690
(2) Новак Ѓоковиќ (Србија) 5.560
Данил Медведев (Русија) 5.475
Андреј Рубљов (Русија) 4.645
(12) Тејлор Фриц (САД) 4.060
(7) Хуберт Хуркач (Полска) 4.060
(8) Каспер Руд (Норвешка) 4.010
(11) Григор Димитров (Бугарија) 3.965. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан