Атлетичарката Ислами на прием кај градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу
- Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу денес се сретна со шампионката во атлетика Дрита Ислами, која пред неколку денови го собори државниот рекорд на 400 метри со пречки, постигнувајќи најдобр
Скопје, 3 јуни 2021 (МИА) - Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу денес се сретна со шампионката во атлетика Дрита Ислами, која пред неколку денови го собори државниот рекорд на 400 метри со пречки, постигнувајќи најдобро време со 58.66 секунди и освои 1061 поен во Светската атлетска федерација.
Ганиу и посака уште поголеми успеси на Исмаил, со надеж дека нејзиното име ќе биде на првото место и во други натпревари во светско ниво.
- Постигнувањата како на Дрита Ислами нè прават навистина горди и претставуваат одличен пример, но и поттик за тоа како треба да се развиваат новите генерации на спортисти, изјави Ганиу.
Дрита Ислами има учество на Олимписките игри во Рио де Жанеиро во 2016 година, на Европските игри во Баку во 2015 година, на Светското првенство во Лондон во 2017 година, на Светските универзитетски игри во Тајван во 2017 година, на Медитеранските игри Тарагона во 2018 година, учесничка на Европското првенство во Берлин-2018, на Светските универзитетски игри во Неапол 2019, но и победничка на 400 метри со пречки во Купот на Лига Европа на 3-та лига во Малта 2017 година, победничка на 400 метри со пречки на 3-от Куп на Лига Европа во Скопје во 2019 година.
Таа, осум години по ред е најдобра атлетичарка во Македонија.
За време на денешната средба, Дрита Ислами го извести градоначалникот Ганиу дека нејзината цел е да го освои првото место на 400 метри со пречки на Европскиот куп што ќе се одржи на Кипар на 19-20 јуни годинава, како и да го подобри државниот рекорд во истата дисциплина. зс/