• недела, 24 ноември 2024

Атлетико Мадрид се жалеше до УЕФА за пеналот во корист на Лил

Атлетико Мадрид се жалеше до УЕФА за пеналот во корист на Лил

Мадрид, 24 октомври 2024 (МИА) - Атлетико Мадрид поднесе официјална жалба до УЕФА за судиска грешка при поразот на тимот од Лил со 1:3, пренесува весникот „Марка“. Станува збор за пеналот досуден во корист на францускиот тим во 71. минута по контактот во шеснаесетникот помеѓу Бенжамин Андре од Лил и Коке од шпанскиот тим.

Судијата Марко Гуида досуди пенал за премногу лесен контакт, откако претходно не го виде Андре како игра со рака.

-Се обидов да ја нападнам топката, таа се одби. Ја ставив ногата во моментот кога тој се обиде да ја расчисти. Коке ми ја закачи ногата, објасни францускиот играч за врска.

Сепак, од Атлетико се децидни дека пеналот е „измислен“. Според Шпанците, судиите во ВАР собата требало да му дадат знак на судијата да ја промени својата одлука. 

Поразот скапо го чинеше Атлетико Мадрид, кој досега има само 3 бода и е само 27-ми во поредокот. Лил е на 15. позиција со 6 бодови. дс

Фото: Архива

Остани поврзан