• сабота, 13 јули 2024

Атлетико го понуди Коста на клубови од Англија, Италија и Франција, но сè уште нема пронајдено купувач

Атлетико го понуди Коста на клубови од Англија, Италија и Франција, но сè уште нема пронајдено купувач
Мадрид, 28 август 2020 (МИА) – Атлетико Мадрид го понуди 31-годишниот напаѓач Диего Коста во клубови од Англија, Италија, Франција и Турција, објави „Goal.com“. Сепак, досега нема заинтересирана страна за да го купи Коста. Договорот на фудбалерот важи до 2021 година, така што Атлетико сака да го продаде сега затоа што по една сезона ќе мора да го пушти бесплатно. Минатата сезона Коста одигра 23 натпревари во Ла Лига, постигна пет гола и направи четири асистенции. зс/

Остани поврзан