Атанасов: Со помош на навивачите до победнички старт во АБА2
- Тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Васко Атанасов посакува победнички почеток во новата сезона од регионалната АБА 2 лига.
Скопје, 7 октомври 2025 (МИА) – Тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Васко Атанасов посакува победнички почеток во новата сезона од регионалната АБА 2 лига.
- Новиот систем според кој ќе се игра во АБА2, ја зголемува важноста на секој натпревар, бидејќи едноставно немате право на кикс ако сакате да се борите за највисок пласман. МЗТ Скопје дефинитивно го сака тоа, поради што во мечот со Вршац влегуваме мотивирани и со желба да покажеме дека сме меѓу фаворитите за врвот од табелата. Сите знаат дека нашите навивачи се нашето најсилно оружје, поради што ги повикувам да дојдат во што поголем број за да ни помогнат регионалната сезона да ја почнеме со значајна победа, изјави Атанасов.
Натпреварот МЗТ Скопје – Вршац ќе се игра вечер од 20 часот во СЦ „Јане Сандански“. зс/
Фото: МЗТ Скопје