Атанасовски: Се реконструира кровната површина на Домот на култура во Македонска Каменица
- Во Македонска Каменица започна реконструкција на покривот на Домот на култура. Целта на реконструкцијата како што стои во објавата на градоначалникот на Општината, Димчо Атанасовски е трајно решавање на проблемите кои во изминатиот период предизвикуваа оштетувања на ентериерот во објектот.

Македонска Каменица, 4 декември 2024 (МИА) - Во Македонска Каменица започна реконструкција на покривот на Домот на култура. Целта на реконструкцијата како што стои во објавата на градоначалникот на Општината, Димчо Атанасовски е трајно решавање на проблемите кои во изминатиот период предизвикуваа оштетувања на ентериерот во објектот.
-Со вложување во реконструкцијата на кровната површина Домот на култура ги решаваме актуелните проблеми и поставуваме основа за долгорочна заштита на објектот, овозможувајќи негово непречено користење за многубројни културни настани и активности во иднина, истакна Атанасовски.
Активноста започна со реализација на почетокот н аоваа работна недела и се очекува да заврши во најбрз можен рок.
-Со овој проект, Општина Македонска Каменица ја покажува својата посветеност и одговорност во грижата за јавните објекти и простори, создавајќи подобри услови за сите граѓани, додаде градоначалникот Атанасовски.
Оваа инвестиција од 359.760,оо денари со вклучен ДДВ, претставува уште еден чекор кон зачувување на функционалноста и естетиката на објектот. вс/дма/
Фото: Општина Македонска Каменица