Аталанта му врачи отказ на Јуриќ
- Италијанскиот фудбалски тим Аталанта му врачи денеска отказ на својот тренер Иван Јуриќ, прекинувајќи ја соработката со хрватскиот стратег по вчерашниот пораз на домашен терен од Сасуоло (0-3) во рамки на 11 коло во Серија А.
Бергамо, 10 ноември 2025 (МИА) – Италијанскиот фудбалски тим Аталанта му врачи денеска отказ на својот тренер Иван Јуриќ, прекинувајќи ја соработката со хрватскиот стратег по вчерашниот пораз на домашен терен од Сасуоло (0-3) во рамки на 11 коло во Серија А.
.Јуриќ ја презеде Аталанта на почетокот од оваа сезона и седум пати ремизираше во првите девет кола, а во последните две не освои ниту бод и се наоѓа на 13 место на табелата со 13 бодови.
„ФК Аталанта објавува дека Иван Јуриќ е разрешен од должноста тренер на првиот тим, заедно со неговите најблиски соработници, Матео Паро, Мигел Велосо, Паоло Барбера, Стјепан Остојиќ и Микеле Орекио. Клубот сака да им се заблагодари на Иван Јуриќ и на неговиот персонал за нивната посветена работа и им посакува сè најдобро во иднина“, објави клубот од Бергамо.
Ова е трет отказ за Јуриќ за помалку од една година. Минатата година, тој беше отпуштен по помалку од два месеци минати на клупата на Рома, а потоа во декември го презеде Саутемптон, кој не успеа да го спаси од испаѓање од Премиер лигата и во април остана без ангажман.ег
ФОТО: ЕПА