Асфалтирање на улицата „415“ во населено место Марино
- Во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта на Општина Илинден, денеска се асфалтираше улица „415“ во населено место Марино која е во должина од 150 метри.

Скопје, 3 јули 2023 (МИА) - Во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта на Општина Илинден, денеска се асфалтираше улица „415“ во населено место Марино која е во должина од 150 метри.
- Увид во работните активности направи и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски кој истакна дека финансиските средства за асфалтирање на улиците се обезбедени од Буџетот на општината, а во наредниот период ќе се продолжи со асфалтирање и на други улици во повеќе населени места во Илинден, известуваат од општината. ир/лв/
Фото: Општина Илинден