• сабота, 11 мај 2024

Асфалтирање на пешачката патека во Илинден

Асфалтирање на пешачката патека во Илинден

Скопје, 22 март 2023 (МИА) - Во тек е асфалтирање на пешачката патека на улица „2” во населба Илинден, во должина од 620 метри и широчина од 1,5 метри, која се наоѓа на една од најфрекфентните делници во општината и се протега од надвозникот на влезот во општина Илинден се до раскрсницата на улиците „8” и „9”.

Увид во работните активности направи градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој истакна дека работите течат со брза динамика и наскоро жителите од овој дел на општина Илинден ќе добијат убава и безбедна пешачка патека.

Потребата за реконструкција на оваа пешачка патека се јави поради оштетувањата кои беа направини при инсталацијата за обнова на електроенергетската мрежа. Истата, е од големо значење за жителите од населеното место Илинден, при што ќе се придонесе за подобрување на безбедноста во сообраќајот, особено на пешаците и велосипедистите. мч/дма/

фото: Општина Илинден

Остани поврзан