• понеделник, 23 декември 2024

Асфалтирани пристапниот пат и паркингот кон градскиот пазар во Крива Паланка

Асфалтирани пристапниот пат и паркингот кон градскиот пазар во Крива Паланка

Крива Паланка,14 април 2023 (МИА) - На површина од околу 2800 метри квадратни на просторот околу градскиот зелен пазар и улицата кон пазарот во Крива Паланка поставен е нов асфалтен слој, со што овој простор доби комплетно нов лик.

- Со овој проект, покрај обновување на коловозот со нов слој на асфалт, уредена е целокупната  јавната површина до зелениот градски пазар со асфалт се до “Шанин мост“, а  поставена е и  хоризонтална сигнализација со обележани паркинг места на новоасфалтираните површини. Конечно, на задоволство на граѓаните од овој реон, како и на сите корисници на  градскиот пазар, се добива и доплнителен паркинг простор и под комплексот  згради, каде е уредена јавната површина, тампонирани се околу 5000 метри квадратни простор,за нови паркинг места, информира денеска градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.

На отворениот простор под комплексот згради ќе се гради детско игралиште и просторот ќе биде хортикултурно уреден и оплеменет.

Претходно, на теренот беа извршени подготвителни работи, нивелирање шахти, тампонирање, поставување ивичници.

Активностите се дел од годишната оперативна програма за одржување и рехабилитација улици и крпење ударни дупки за 2023 година на Општина Крива Паланка.

Митовски посочи дека со подобрување на локалната патна инфраструктура се подобруваат условите за живот во општината, што е приоритет и обврска на локалната самоуправа. ид/цр

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан