• четврток, 18 јули 2024

Асфалтирана улица во Бунарџик општина Илинден

Асфалтирана улица во Бунарџик општина Илинден

Скопје, 1 декември 2023 (МИА) - Во Општина Илинден асфалтирана е главната улица во населеното место Бунарџик, која го опфаќа пристапот до ПОУ „Ристо Крле“, Домот на култура и игралиштето за мал фудбал, во вкупна должина од 650 метри, информираат од општината.

- Со градежните активности се изврши целосно реконструирање на улицата и нејзино асфалтирање во вкупна должина од околу 650 метри, се направија отворени одводни канали кои ќе ја зафатат атмосферската вода од локалната улица, како и се поставија цевкасти пропусти под трупот на патот, се со цел да се одведе површинската и високото ниво на подземни води, соопштуваат од Општина Илинден.

Оттаму, потенцираат дека таа улица е од големо значење за жителите на населеното место Бунарџик бидејќи со реализација на овој проект значително ќе се подобри патната инфраструктура во населеното место, ќе се зголеми безбедноста како и ќе се подобри квалитетот на живот на граѓаните. ир/цр

Фото: Општина Илинден

Остани поврзан