Астон Вила прв четвртфиналист во ФА Купот
- Астон Вила е првата екипа која се пласираше во четвртфиналето на англискиот ФА Куп, совладувајќи го синоќа Кардиф со 2-0 на „Вила Парк“ во Бирмингем.

Бирмингем, 1 март 2025 (МИА) – Астон Вила е првата екипа која се пласираше во четвртфиналето на англискиот ФА Куп, совладувајќи го синоќа Кардиф со 2-0 на „Вила Парк“ во Бирмингем.
Гостите одржуваа резултатски егал до 68. минута, кога Марко Асенсио го постигна првиот од двата гола. Шпанецот вторпат ја погоди мрежата во 80. минута и ја внесе Астон Вила меѓу осумте најдобри.
Преостанатите осминафинални натпревари ќе се играат денеска и в недела.
За в сабота се закажани четири натпревари: Кристал Палас – Милвол, Престон – Барнли, Борнмут – Вулверхемптон и Манчестер Сити – Плимут. В недела ќе играат: Њукасл – Брајтон, Манчестер Јунајтед – Фулам и Нотингем Форест – Ипсвич. ег
ФОТО: Фејсбук