• недела, 08 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Астон вила е заинтересирана за Кевин Де Брујне

Астон вила е заинтересирана за Кевин Де Брујне

Лондон, 24 април 2025 (МИА) - Астон вила остварила преговори со застапниците на фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Кевин Де Брујне, пишува „Sky Sports“.

На почетокот на април, 33-годишниот Белгиец најави дека на лето ќе го напушти Сити, каде што играше од 2015 година.

Де Брујне оваа сезона одигра 35 натпревари во сите натпреварувања, постигна пет голови и осум асистенции.

На четири кола пред крајот на сезоната во англиската фудбалска Премиер лига, Астон вила има 57 бодови и е во конкуренција за освојување место кое води во Лигата на шампионите следната сезона. зс/

Фото: ЕПА 

Остани поврзан