Аспиликуета во Севиља
- Шпанскиот прволигаш Севиља го објави доаѓањето на искусниот 36-годишен дефанзивец Сезар Аспиликуета, кој во јуни ги напушти редовите на Атлетико Мадрид.
Севиља, 30 август 2025 (МИА) – Шпанскиот прволигаш Севиља го објави доаѓањето на искусниот 36-годишен дефанзивец Сезар Аспиликуета, кој во јуни ги напушти редовите на Атлетико Мадрид.
Аспиликуета доаѓа без обесштетување и потпиша едногодишен договор со Севиља, со опција за продолжување на соработката за уште една сезона.
Аспиликуета беше дел од Атлетико до јули 2023 година и оттогаш одигра 54 натпревари и постигна еден гол.
Пред да дојде во мадридскиот клуб, Аспиликуета играше за Челзи 11 години, две сезони за Марсеј и три сезони за Осасуна.ег
ФОТО: ЕПА