• петок, 17 мај 2024

Арјанит Хоџа избран за шеф на Изборниот штаб на БЕСА

Арјанит Хоџа избран за шеф на Изборниот штаб на БЕСА
Скопје, 23 јули 2021 (МИА) – Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство и генерален секретер на Движењето БЕСА, Арјанит Хоџа на Фејсбук објави дека денеска е избран за шеф на Централниот штаб на партијата за локалните избори. - Денеска се одржа редовниот состанок на централното раководство на Движењето БЕСА. На овој состанок се дискутираше за неколку важни точки во пресрет на локалните избори, наведува Хоџа во објавата. Тој потенцира дека централното раководство на партијата, со едногласна поддршка, му предложило на Централното собрание да го избере за шеф на Централниот штаб за локалните избори во 2021 година. - Се чувствувам привилегиран да водам важен процес за партијата и за сите активисти на Движењето БЕСА, додава Хоџа во објавата. сп/

Остани поврзан